Фудбал
Обамејанг сака да биде легенда на Арсенал
Лондон, 17 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг призна дека сака да го запише своето име во историјата на клубот.
- Сакам да станам легенда на Арсенал, како Тиери Анри, Јан Рајт, Тони Адамс и Денис Бергкамп. Сакам да оставам трага во историјата на клубот, ова е моето место, ова е моето семејство, изјави Обамејанг.
Во вторникот, 31-годишниот Габонец го продолжи договорот за три години.
Обамејанг со гол ја започна и новата сезона во Премиер лигата. Тој се запиша во листата на стрелци во триумфот (3:0) на Арсенал против Фулам минатиот викенд. зс/