Connect with us

Фудбал

Обезбеден потписот на Дармиан

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, излезе како победник во трката по потписот на офанзивниот бек од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан.

Англиските медиуми открија дека двата клуба постигнале договор и дека во следните неколку дена поранешниот фудбалер на Торино повторно ќе се врати во татковината.

“Старата дама” прво ќе одвои околу 3 мил. евра за 6-месечната позајмица на италијанскиот интернационалец, а на крајот од сезоната, договорот на Дармиан ќе биде откупен со официјална понуда вредна 8 мил. евра.