Connect with us

Фудбал

Обезбеден потписот на Рамзи

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, најверојатно ќе излезе како победник кога е во прашање потписот на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи.

Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а според англиските медиуми, Рамзи веќе потпишал преддоговор со “старата дама”. Со преселбата во Торино, велшкиот интернационалец ќе си обезбеди годишна плата од 10 мил. евра.