Connect with us

Фудбал

Обезбедувањето не успеа да ги спречи, навивачите на Наполи влетаа на теренот, титулата се слави на “Дачиа Арена” (ВИДЕО)

Околу 11000 навивачи на Наполи допатувале вечерва во Удине, според медиумите во Италија со цел во живо да го проследат мечот во кој нивниот тим му требаше бод за да ја освои титулата. Наполи одигра 1:1 со Удинезе, еуфоријата почна. Навивачите влетаа на теренот за да прослават. Долга ноќ ова ќе биде и во Неапол каде сигурно ќе се слави титулата до раните утрински часови.