Други спортови
Објавени фотографии од болиди во Формула 1 за нова ера! (ФОТО)
Од следната сезона, поточно од 2022 година, ќе започне нова ера во Формула 1.
Новата ера носи нови правила насочени кон подобри трки, униформноста на тимот ќе биде поголема и трошоците ќе се намалат.
Претходно се појавија концепти за болиди, а денес беше објавен и официјалниот изглед на новите болиди.
Секако, секоја од екипите ќе има уникатен изглед на болидот, но концептот како на фотографиите објавени од Формула 1 ќе го користат практично сите тимови.
Here's a few more looks at 2022's new machinery ?
F1's regulations are set for a shake up at the start of 2022, with this new car aiming to make the racing closer than ever before #F1 #F12022 pic.twitter.com/0FSMPSvzPN
— Formula 1 (@F1) July 15, 2021
„Сакаме да им дозволиме на болидите да се натпреваруваат и да се следат едни со други и да водиме повозбудливи битки“, рече Николас Томбазис, шеф на технологијата за едно седиште.
„Ние сакаме да имаме гуми што им овозможуваат на возачите да се борат меѓусебно без да трошат многу или да дадат само една кратка шанса за напад.
„Тие се поедноставни од сегашните болиди, бидејќи многу мали компоненти се отстранети, предните крилја се поедноставни.
A new era has arrived
Your first glimpse of the full size 2022 F1 car!#F1 #F12022 pic.twitter.com/e8RQaV5g7P
— Formula 1 (@F1) July 15, 2021
Важна улога ќе играат и 18-инчните гуми на Приели, кои треба да бидат помалку чувствителни на температурата и да бидат потрајни, така што возачот може да обезбеди максимални перформанси подолго.