Connect with us

Фудбал

Обложувалниците ги објавија квотите: Кој клуб е со најголеми шанси да го донесе Лионел Меси?

Лионел Меси побарал раскин на договорот со Барселона, сака да замине. Каталонскиот клуб не сака ниту да слушне, туку ако веќе заминува, сака да заработат богатство. Меси има уште една година договор, имаше и клаузула според која може да замине една година пред истекот, но сека челните луѓе го оспоруваат тоа и наметнуваат 700 милиони евра обесштетување. Дури и најавуваат тужби за Аргентинецот.

Но, обложувалниците веќе ги објавија квотите за тоа кој клуб е со најголеми шанси да го донесе „Волшебникот“. Прв на таа листа е Манчестер Сити, чиј тренер е Пеп Гвардиола со квота 1,67. Оние што се обложуваат знаат што значи ова. Втор тим со најголеми шанси според обложувалниците е Интер со квота 3,24, следува ПСЖ со 4,58, потоа Манчестер Јунајтед со 7,70 квота, Јувентус со 10,5, Челзи 12,5, кој било клуб во американската МЛС лига има квота од14,5, потоа Милан со 19, Ал Саад со 16, и Реал Мадрид со 28.

Останува да се види кој од овие тимови ќе успее да го донесе Меси, и дали навистина ќе се случи тоа Аргентинецот да замине од клубот во кој беше целата своја кариера.