Connect with us

Фудбал

Обложувалниците не веруваат во Реал (М)

Реал (М) е актуелен европски клупски шампион, кој три години по ред го освојува најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Сепак, “кралскиот клуб” е далеку од фаворитската улога кога е во прашање актуелната сезона во ЛШ. Најдобриот фудбалер на денешницата, Лука Модриќ, и неговото друштво се на шесттата позиција според обложувалниците.

И пред една година, Реал (М) не беше фаворит пред стартот на 1/8 финалниот дуел против францускиот гигант ПСЖ, но четата на Зинедин Зидан неколку месеци подоцна го освои драгоцениот трофеј.

Годинава за противник во осмина-финалната рунда го доби холандскиот претставник Ајакс, а според обложувалниците, далеку поголеми шанси за освојување на европската клупска круна имаат Манчестер Сити (4-коефициент), Барселона (5.5), Јувентус (7), ПСЖ (8), Ливерпул (11), додека коефициентот на Реал (М) изнесува 13. Потоа следат Баерн М. (15), Атлетико (21), Тотенхем (26), Борусија Д. (34), Манчестер Ј. (51), Ајакс (81), Рома (101), Порто (101), Лион (126) и Шалке (251).

Исто така вреди да се погледнат и коефициентите за меѓусебните дуели во осмина-финалната рунда: Ајакс (6) – Реал М. (1.3), Атлетико М. (2.75) – Јувентус (1.57), Ливерпул (1.8) – Баерн М (2), Лион (9) – Барселона (1.17), Манчестер Ј. (3.5) – ПСЖ (1.3), Рома (1.91) – Порто (1.9), Шалке (15) – Манчестер С. (1.07), Тотенхем (1.9) – Борусија Д. (1.9).