Кошарка
Обрадовиќ стигна до јубилејна 300. победа со Фенербахче
Српскиот кошаркарски стручњак, Жељко Обрадовиќ ја запиша победата број 300 како тренер на Фенербахче.
Турскиот клуб вчеравечер во Евролигата го победи градскиот ривал од Истанбул, Дарушафака со 100:79.
– Триста победи се големо достигнување до кое дојдовме сите заедно и колективна заслуга. Продолжуваме понатаму со напорна работа, изјави Обрадовиќ.
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер има девет шампионски титули во Евролигата.