Connect with us

Фудбал

Од 54 погодоци по сезона, до зависност од кокаин

Беше 25 август 2000 година. Додека Реал (М) и Галатсарај се подготвуваат за дуелот од УЕФА Суперкуп, очите на фудбалската јавност беа насочени само кон еден човек. Во контроверзниот трансфер од Барселона, Луис Фиго стана најскап фудбалер во светот и беше подготвен за деби во дресот на Реал (М). Се очекуваше веќе во првиот натпревар за “кралскиот клуб”, Португалецот да ја оправда паричната сума која беше одвоена за неговото обештетување, сепак натпреварот го реши бразилскиот интернационалец од редовите на Галатсарај, 26-годишниот Марио Жардел, на овој начин започнува приказната на британскиот фудбалски портал These Football Times.

“Жардел прво ја реализираше ударот од белата точка, а потоа го постигна и златниот гол. Во првите четри натпревари за турскиот клуб, Бразилецот постигна 10 погодоци”.

Никој не беше изненаден од играта на Барзилецот. Голгетерскиот инстинкт кој го покажа против Реал (М) беше само еден блесок во неговата фудбалска кариера. По натпреварот, потпретседателот на турската влада, Месут Јилмаз изјави дека напаѓачот на Галата е еден од најдобрите четри напаѓачи во светот.

И не беше далеку од вистината. Претходните две сезони Жардел беше најдобар стрелец во Европа, но “Златната копачка” во сезоната 1999/2000 му побегна поради слабиот коефициент на португалската лига. Во тој период, Жардел беше на само еден чекор од 200 погодок во кариерата. Затоа што имаше само 26-години, фудбалската јавност беше убедена дека допрва ќе дојдат најдобрите денови за Бразилецот.

Сепак, Марио тргна по патот на пропаднатите трансфер и бракови, недисциплина и игнорирање од селекторот на Бразил. Како што и самиот призна, дното го допрел во 2008 година, поради зависноста од кокаин. Во дресот на австралискиот клуб Њукасл Џетс, Жардел беше само бледа сенка од времето кога го носеше дресот на Порто и Спортинг, каде постигна 231 погодок.

  • Не сум заслужил да бидам пример на ниту едно дете. Секој кој сака да ме слушне ќе му кажам дека не треба да го прави тоа што јас го правев. Зборам со отворено срце. Сакам да ги признаам моите грешки, изјави Жардел кој откри дека зад него се деновите кога бил зависен од кокаин.

Неспремен, незаинтересиран и со зголемена килажа, Жардел во 2008 година беше само бледа копија од убиствениот напаѓач. Кариерата која требаше да заврши со светска слава, умираше во ноќните клубови и во иглите. Беше тажно да се гледа како надарениот напаѓач е предмет на исмејување во сите новинарски текстови, када во прв план беше неговата зависност од кокаин и телесната тежина. Треба да се нагласни неправдата која му е направена на Жардел е попознат по својата епизонда улога во Болтон или некој друг клуб, отколку по “Златната копачка” и голгетерските квалитети кои се на исто ниво со тие на Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Кога веќе беше прекасно, Марио доби шанса да заигра во најквалитетните европски лиги.

Голем ќе биде бројот на тие кои се сеќаваат на неговите лоши игри после 2002 година, некој ќе го памети по “Лардела”, но за навивачите на Спортинг од Лисабон и на Порто, Жардел секогаш ќе биде Супер Марио, кој во врвот од својата играчка кариера беше расен голгетер, заклучи авторот на текстот Фергал Мек Алинден.