Connect with us

Фудбал

Од четврток ВАР и во Лига Европа

За едни добра, за други лоша опција. Но УЕФА донесе одлука и таа стапува на сила од четврток. Кај сите натпревари од четврток кои ќе се играат во рамки на Лига Европа ќе се користи и ВАР технологијата за спорните моменти.

Од УЕФА истакнаа дека се презадоволни со досегашната употреба на видео анализата во Лигата на шампионите, а дојде време и за презентацијата во второто континентално натпреварување.

УЕФА побара да воведе ВАР и во европскиот дел од квалификациите на Светското првенство во 2020 година, за што сè уште чека одобрение од ФИФА.