Ракомет
Од денеска двајца Гонзалези ќе ја водат македонската репрезентација
Дојде до смена во тренерскиот состав на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска. Замина Роберто Гарсија Парондо, а дојде Хота Гонзалез, доскорешниот тренер на Ла Риоха, а сега иден помошник на Раул Гонзалез на клупата на ПСЖ.
Иако за многумина оваа е неочекувана одлука, особено ако се знае дека Македонија засега реди само успеси, од репрезентацијата информираат дека ова е однапред планирана одлука.
Парондо заминува за Скопје, каде ќе и се приклучи на Ирина Дибирова во водењето на ЖРК Вардар.