Connect with us

Фудбал

Од Минхен директно во Манчестер, Јунајтед добива засилување (ВИДЕО)

Марсел Сабицер во вториот дел од сезоната ќе ги брани боите на Манчестер Јунајтед. Фудбалерот на Баерн Минхен доцна вечерва пристигна во Англија, а по лекарските прегледи треба да потпише договор. Според првичните информации, Сабицер до крајот на сезоната ќе биде позајмен, а потоа Јунајтед ќе има можност да го откупи договорот.

Изборот на Сабицер падна откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед три месеци ќе биде без Ериксен кој заработи повреда.