Фудбал
Од сите активни играчи во светот, никој не постигнал голови од слободен удар колку Меси (ВИДЕО)
Синоќа репрезентацијата на Аргентина го победи Еквадор со 3:0 во четвртфиналниот натпревар од Копа Америка.
„Гаучосите“ без проблеми успеаја да се пласираат во полуфиналето на Копа Америка, а повторно во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој одигра уште една одлична партија.
Очигледно е дека Меси има голема желба конечно да стигне до трофеј со репрезентацијата, а ги предводеше Аргентинците синоќа до лесна победа против селекцијата на Еквадор.
Аргентина поведе со 1:0 во 40-та минута кога Меси му асистираше на Де Паул кој ја погоди мрежата на Еквадор. Меси ја забележа втората асистенција на натпреварот во 84-та минута, а овој пат голот за 2:0 го постигна Лаутаро Мартинез.
После тоа, Меси успеа да се запише во листата на стрелците. Судијата прво одигра пенал за Аргентина, а откако го гледаше ВАР реши да се предомисли и да изведе слободен удар.
¡Bombazo! Lionel Messi la clavó de tiro libre para el 3-0 final de @Argentina sobre @LaTri
?? Argentina ? Ecuador ??#VibraElContinente #VibraOContinente pic.twitter.com/FcvQrHuRka
— Copa América (@CopaAmerica) July 4, 2021
Сепак. Меси уште еднаш покажа дека слободниот удар е како пенал за него, и постигна одличен погодок од слободен удар од некои 17 метри за конечни 3:0.
На овој начин, најдобриот фудбалер на светот уште еднаш докажа дека навистина е специјалист за слободни удари.
Имено, за Меси ова беше 58. гол кој го постигна од слободен удар, што е најмногу од сите активни играчи на светот во овој момент.
Меси во моментов е и најдобар стрелец на Копа Америка бидејќи досега има постигнато четири гола во ова натпреварување, а два од нив беа од слободни удари.
Меси на списокот го следат играчи кои имаат постигнато по два гола, предводени од Нејмар.
Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе игра против Колумбија, додека во вториот полуфинален натпревар се среќаваат Бразил и Перу. Многумина се надеваат дека Аргентина и Бразил ќе играат во финалето, и дека тоа ќе биде судир помеѓу Меси и Нејмар.