Connect with us

Фудбал

Одамна не е видена тажна сцена на „Сан Сиро“: Сам и во солзи шеташе низ теренот, сакаше само едно

Милан синоќа ја затвори завесата на Серија А. Во продолжението на сезоната, Росонерите се препородиа и заслужено освоија место во Лигата на Европа.

Во последното коло, Милан го совлада Каљари со 3:0, а овој натпревар беше и последен во дресот на „росонерите“ за Џакомо Бонавентура.

Начинот на кој Бонавентура се збогуваше со „росонерите“ навистина предизвикува емоции. Искусниот играч од средниот ред го прошета теренот на „Сан Сиро“ сам, депресивен и во солзи.

Во еден момент тој се спушти и само уште еднаш сакаше да го почувствува теренот на култниот стадион каде што играше изминатите шест години.

Другите играчи веќе одамна беа во соблекувалните, но не и досегашната „петка’ на италијанскиот великан. Можеби најтешко за него беше што не можеше да ги поздрави навивачите со кои имаше одличен однос.

Бонавентура го носеше дресот на Милан на 184 натпревари и постигна 35 погодоци. Тој ефект ќе беше уште подобар ако не се здобиеше со две тешки повреди на коленото, што го оддалечија од теренот околу 20 месеци.

Бонавентура го напушта Милан како слободен агент, а неговиот менаџер Мино Рајола веќе подолго време работи на негов трансфер во еден од клубовите во Серија А.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама