Connect with us

Други спортови

Одбојкарите ги добија противниците за ЕП

По историскиот успех на македонските одбојкари со пласманот на прв голем шампионат, во случајот Европското првенство во 2019 година, ги дознаа противниците во групната фаза. По ждрепката која што се одржа во Брисел како и што многуминаа посакуваа, се паднавме во групата Ц која се игра вo Љубљана.

„Спартанците“ се најдоа во групата Ц, заедно каде со селекциите на Словенија, Русија, Финска, Турција и Белорусија.

Група А (Монпелје): Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија

Група Б (Антверпен): Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија

Група Ц (Љубљана): Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија

Група Д (Амстердам):  Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Ураина, Црна Гора

ЕП 2019 година ќе започне на 12. септември со натпреварите од групна фаза.