Connect with us

Фудбал

Одегард и Халанд во ист клуб?

Островските медиуми ја пренесоа веста дека Мартин Одегард и Ерлинг Халанд можат да играат во ист тим од следната сезона.

Наводно, Томас Тухел сака да го види ова дуо во офанзивата на Челзи, сепак Одегард ги негираше овие гласини.

„Среќен сум во Арсенал и се надевам дека ќе бидам среќен и во наредните сезони. Приказната секогаш ќе биде тука, тоа е дел од нашата професија“, рече Одегард.

Халанд и претходно беше поврзуван со Челси. Мино Раиола ќе стори сé за да го продаде еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, иако од Дортмунд најавија дека Халанд ќе остане.

Имаше разговори и со Барселона, Норвежанецот е на радарот на Ливерпул, но и желба на Реал.

Ќе има сè на лето, нема сомнеж во тоа, а споменатите шпекулации ја загреаа атмосферата на Островот. Каде има чад, има и оган.

Што се однесува до Одегард, ова се првите слични шпекулации за неговата кариера и не е тајна дека сините од Лондон сакаат да го обноват тимот за летото, иако оваа сезона би можеле да ја завршат со освојување на Лигата на шампионите, бидејќи се соочуваат со последниот дуел против Манчестер Сити во Порто.

Да потсетиме, Челси загуби во финалето на ФА купот од Лестер, па тоа е исто така доза на притисок пред финалето во Лигата на шампионите.