Connect with us

Фудбал

Одигра само 17 минути за Барселона, му го раскинаа договорот преку е-маил, тужеше и доби 8,5 милиони евра!

Барселона повторно во проблеми. Каталонскиот гигант со години прави „грешки“ кои скапо го чинеа, а токму кога се чинеше дека се стабилизираа – стигна нова казна. Барселона ќе треба да плати дури 8,5 милиони на поранешниот играч Матеус Фернандез, одлучи шпанскиот суд, пренесува денешен „Спорт“.

Ако ова име не ви звучи познато, не грижете се – тоа е затоа што Фернандез одигра само 17 минути за Барселона. Се работи за Бразилец кој пристигна од Палмеирас во 2020 година за седум милиони евра. Но, по првата сезона клубот реши да го раскине договорот со него преку емаил, а потоа Фернандез ја тужеше Барселона затоа што смета дека кон него се однесувале крајно неправедно, дури и незаконски.

Процесот траеше долго бидејќи Фернандез побара да му бидат исплатени 15 милиони евра, а на крајот шпанскиот суд и наложи на Барселона да му исплати половина од оваа сума, 8,5 милиони евра.

Во меѓувреме, Фернандез се врати во Палмеирас, но неговата кариера не оди во нагорна линија, па парите од Барселона сигурно добро ќе му дојдат за да го „осигураат“ до крајот на животот. Централниот играч за врска најпрвин замина на позајмица во Паранаенсе, а од јануари годинава премина во Ред Бул Брагантино, исто така како позајмен играч.