Connect with us

Фудбал

Одличната кариера заврши во Торино

Џанлука Роки синоќа го досуди својот 263. натпревар во Серија А и ја заврши кариерата како фудбалски судија.

Тоа беше натпреварот помеѓу Јувентус и Рома во Торино (1:3), а судијата од Фиренца на крајот додели пет жолти картони. Така, уште една одлична кариера заврши во тишина, кариерата на човекот кој обележа дел од модерната историја на италијанскиот (и европскиот) фудбал.

Џанлука Роки реши да ја заврши судиската кариера на 46-годишна возраст, а тоа траеше, верувале или не, цели 30 години.

Роки за прв пат беше регистриран како судија како тинејџер, во 1990 година, а во последните 10 години „достигна“ до најголемите натпревари во Италија и Европа.

Тој ја постави круната на својата кариера минатата година, судејќи во финалето на Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Челси, а вреди да се спомене дека тој судеше на три натпревари од Светскиот куп на Италија пред три години.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама