Фудбал
Одложен натпреварот Арсенал – ПСВ Ајндховен
Натпреварот од групната фаза од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен, кој требаше да се одигра во четврток, е одложен. УЕФА го известила холандскиот клуб дека натпреварот нема да се одигра според планираното.
Националните власти во Велика Британија процениле дека нема да имаат доволно полициски персонал за средбата поради погребот на кралицата Елизабета Втора.
#ARSPSV ❌
— PSV (@PSV) September 12, 2022
Сеуште не е познато кога ќе се одигра натпреварот од Лига Европа помеѓу двата тима.