Connect with us

Фудбал

Одреден е датумот за преодниот рок во Англија

Челниците на англиската Премиер лига одредија датум за летниот преоден рок.

На денешната средба беше решено клубовите да можат да ја завршат работите околу трансферите од 27 јули до 5 октомври.

Причината поради која се одложи летниот преоден рок е секако пандемијата на коронавирус, што предизвика вистински хаос во светот на фудбалот.

Ссе очекуваше дека преодниот рок ќе биде преместен, а тимовите од Англија ќе имаат 10 недели да преговори и потписи.

Ќе видиме дали ќе има големи трансфери летово, а неколку се најавени.