Connect with us

Фудбал

Одредена е цена за Папу Гомез

За неколку недели, Папу Гомез се претвори од апсолутен херој на Аталанта во отпишан.

Гомез очигледно жестоко се судри со тренерот Џанпјеро Гасперини и неговото време помина во Аталанта.

Пред неколку дена, искусниот Аргентинец го замоли првиот човек на клубот, Антонио Перкаси, да замине бесплатно, но тој беше одбиен.

Аталанта сака 10 милиони евра за својот напаѓач, во спротивно тој ќе седи на клупата во наредните месеци.

32-годишниот фудбалер има договор со тимот од Бергамо до 2022 година. Засега интерес за неговиот ангажман покажаа клубовите од Серија А и МЛС.