Connect with us

Други спортови

Одржан јубилејниот 50. МТКФ карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“

Во организација на Македонската традиционална карате федерација изминатата седмица во Неа Флогита, Грција се одржа јубилејниот 50. Летен карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“.

На семинарот учествуваа вкупно 65 каратисти од неколку карате клубови од Македонија, Грција и Србија. Семинарот го водеа Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација која од 14 до 16 септември оваа година ќе настапи на 33. Европски Шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир „Неа Флогита 2018“.