Фудбал
Официјална одлука на Серие А: Ако Наполи не дојде во Торино, Јувентус ќе „победи“ со 3:0
Одлуката на раководството на Серие А е конечна, без разлика на тоа што Министерството за здравство на Италија испрати допис мечот Јувентус-Наполи да биде одложен. Наполи добил известување од Серие А дека може овој дуел да го одигра и со позитивни играчи, односно тие да бидат во карантин, а останатите да гостуваат во Торино.
Впрочем такви се правилата донесени пред почетокот на сезоната. Еден натпревар може да биде одложен само доколку одредена екипа има голем број на заразени и не може да состави еден тим. Во Наполи засега има само двајца, Елиф Елмас и Пјотор Зиелински.
Сепак, градските власти на Неапол не му дозволуваат на тимот да отпатува во Торино. Ова значи дека фудбалерите на Јувентус вечерва ќе излезат на теренот и доколку Наполи не се појави, тогаш ќе го загубат дуелот со службени 3:0.