Connect with us

Фудбал

Официјално: Челзи го сруши рекордот со новото засилување (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Челзи го потврди трансферот на Мозес Каиседо од Брајтон. Тоа е најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата откако Челзи плати 100.000.000 + 15.000.000 бонуси. Каиседо потпиша договор на осум години, со можност за продолжување на уште една година, со што Челзи го амортизираше обештетувањето што ќе му биде исплатено на Брајтон во тие години. Тој од мај е во постојан контакт со Челзи, а клубот, интересно, објави негова фотографија од пред неколку години со мајка му во дресот кога Каиседо беше целосно анонимен.