Connect with us

Фудбал

Официјално: Фудбалер на Јувентус суспендиран 7 месеци, обвинет е дека се обложувал!

Николо Фаџоли е фудбалер кој е обвинет за обложување, што е строго забрането за фудбалерите, а неговиот менаџер призна дека постои зависност. Покрај младиот 22-годишен фудбалер на Јувентус, обвинети беа и Николо Заниоло и Сандро Тонали, но се чини дека Фаџоли ќе се соочи со најстрога казна.

Како што пренесува „Скај спорт“, на Фаџиоли му се заканува остра суспензија и според нивните информации практично ќе мора да почека до следната сезона за да игра фудбал. Се работи за суспензија од седум месеци од фудбалот, а со оглед на тоа што Фаџоли е на возраст кога треба да се пробие во првиот тим на Јувентус, се чини дека ќе направи голем чекор назад во кариерата и прашање е како Јувентус ќе се справи со него.нему. Сезонава одигра 6 натпревари во Серија А.