Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Големата бразилска ѕвезда потпиша за Манчестер Јунајтер- трансфер вреден скоро 70 милиони евра

Сега веќе и официјално, Фред е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Ако претходните денови и имаше дилеми околу тоа дали Црвените Ѓаволи ќе го завршат овој петти најскап трансфер во клупската историја, сега веќе ги нема. Манчестер Јунајтед на својата официјална страна потврди дека договор со Шахтјор епостигнал, но никакви финансиски детали не се обелоденети.

Сепак, како што е од порано познато Манчестер Јунајтед на сметката на украинскиот гигант ќе уплати 59 милиони евра, а покрај на Шахтјор би можеле да му легнат уште седум милиони, што вкупно би значело 66 милиони. Сепак ова е неофицијална информација.

Фред треба утре да ги мине лекарските прегледи, а платата која што ќе ја зема во Манчестер Јунајтед ќе му биде 6 милиони евра годишно, не сметајќи ги бонусите.