Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус му врачи отказ на Маурицио Сари

Италијанскиот шампион Јувентус и официјално му врачи отказ на тренерот Маурицио Сари по синоќешната елиминација од Лион во осминафиналето во ЛШ. Раководството на „Старата дама“ пред неколку дена порача дека Сари и следната сезона ќе биде тренер, но тоа беше откако ја освоија деветата титула во Италија во низа. Сепак, приоритет оваа сезона беше Лигата на шамионите, а очигледно дека елиминацијата во осминафиналето е разочарување.

Како прв пик за негова замена се спомнува поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.