Connect with us

Фудбал

Официјално, Кансело е нов играч на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Португалецот Жоао Кансело и официјално се пресели од Манчестер Сити на позајмица во Баерн Минхен. Договорот содржи откупна клаузула вредна 70 милиони евра.


Кансело во претходните три сезони беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата на позицијата лев бек.

Но, Португалецот не можеше да го надмине фактот што Гвардиола му ја намали минутажа, па реши да замине на позајмица на Алијанц Арената. Сестраниот дефанзивец сезонава одигра 26 натпревари, постигна два и асистираше за пет гола, додека не настапи во последните три натпревари..

Кансело има 28 години, а во Сити пристигна во 2019 година од Јувентус за 40 милиони евра, колку што „Старата дама“ и плати на Валенсија во 2018 година.

„Баерн е голем клуб, еден од најдобрите во светот, што е огромен мотив за мене да играм со исклучителни играчи во тимот. Знам дека овој клуб и тимот живеат за титули и ги освојуваат секоја година. Јас сум мотивиран и гладен  ​​за успех, изјави Кансело.