Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Карло Анчелоти потпиша нов договор со Реал Мадрид

Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид до лето 2026 година, објави денеска Кралскиот клуб.

Иако светските медиуми изминатиот период често пати навестуваа дека Анчелоти ќе седне на селекторската клупа на Бразил, 64-годишниот Италијанец, сепак, ја продолжи верноста кон шпанскиот гигант до 30 јуни 2026.

„Реал Мадрид и Карло Анчелоти се согласија да го продолжат договорот до 30 јуни 2026 година“, соопшти Реал.

Анчелоти е во Реал од 2021 година, а претходно го предводеше мадридскиот клуб од 2013 до 2015 годин.