Фудбал
Официјално: Обамејанг уште 3 години во Арсенал
Лондон, 15 септември 2020 (МИА) – Sвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, официјално потпиша нов тригодишен договор со клубот. Веста ја објави самиот Габонец, кој се приклучи во живо од „Емирати“.
– Навивачи на Арсенал, само што повторно потпишав. Се е готово. Навистина сум среќен што останав тука. Ова е мојот дом. Сакам да станам легенда на Арсенал. Одличен ден, рече Обамејанг на почетокот на врската во живо со навивачите.
Coming at you ???? from Emirates Stadium… https://t.co/VAZjMxUJE0
— Arsenal (@Arsenal) September 15, 2020
Претходниот договор на Оба со Арсенал истекуваше на крајот на сезоната, но денес тој стави крај на сите шпекулации, врзувајќи се со „топџиите“ до летото 2023 година.
This is where you belong, Auba
@Aubameyang7 pic.twitter.com/sgViWSBYWf
— Arsenal (@Arsenal) September 15, 2020
Според англиските медиуми, основната плата на напаѓачот ќе биде 250.000 фунти неделно, но со сите бонуси сумата може да надмине 350.000, што во моментов ја прима само Месут Озил.
Обамејанг досега постигна 55 голови на 86 натпревари за Арсенал во Премиер лигата.