Connect with us

Фудбал

Официјално потпишаа за Тотенхем, Регуилон доаѓа во Скопје, Бејл не

Герет Бејл и Серхио Регуилон ги минаа лекарските прегледи и потпишаа за Тотенхем. На сајтот на Тотенхем промовиран е Регуилон, тоа се чека и за Бејл. Она што е интересно е за нас е тоа дали тие во четврток ќе бидат во Скопје на мечот со Шкендија. Регуилон да, уште утре ќе биде на располагање, додека Герет Бејл имал одредена повреда, поради која ќе мора на анализи, а се претпоставува дека во следните неколку мечеви нема да му биде на располагање на Мурињо, а тоа значи дека нема да настапи ниту на мечот со Шкендија во Скопје.