Connect with us

Фудбал

Oфицијално: Решена судбината на Анте Ребиќ!

Анте Ребиќ е фудбалерот кој после Мундијалот во Хрватска привлече огромно внимание од европските клубови.

Ребиќ помеѓу остантите најмногу се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но откако преодниот рок во Англија заврши, а пред неколку дена стратегот на Баерн, Нико Ковач потврди дека нема да го доведе, тој стави потпис на нов договор со Ајнтрахт.

На официјална страна на германскиот клуб беше потврдено дека Ребиќ го продолжил договорот со клубот до 2022 година.

„Анте секако е еден од најголемите позитивни работи на Светското првенство и не криеме дека неколку клубови покажаа интерес да го доведат. Фактот дека тој се уште е наш играч говори дека овој клуб е во неговото срце и дека сме на вистинскиот пат да ги задржиме нашите најдобри играчи“, порача спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ.

Извор: Sportski.mk