Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Роналд Куман останува, пристигнуваат нови засилувања за Барселона
Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона и следната сезона.
Холандскиот стручњак ја доби довербата од клубот предводен од претседателот Жоан Лапорт и тој ќе остане на тренерската клупа до јуни следната година.
Во денешното обраќање, Жоан Лапорта го потврди престојот во клубот на 58-годишниот Холанѓанец.
? @JoanLaportaFCB: "Després d'aquest període de reflexió, hem acordat que donarem continuïtat al contracte amb vigor de @RonaldKoeman" pic.twitter.com/K6daydDCVq
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 3, 2021
Угледниот новинар Фабрицио Романо истакнува дека Барселона наскоро ќе добие две засилувања, а двајцата играчи веќе подолго време се поврзуваат со влегувањето во редовите на каталонскиот клуб.
Раководството на каталонскиот тим напорно се обидува да го заврши трансферот на Мемфис Депај. Тој е многу близу до потпишување и останува да се постигне договор за должината на договорот.
Ronald Koeman stays… and now Barcelona will sign new players after Eric and Agüero. Barça board pushing to sign Memphis Depay, 2/3 years contract bid on the table and club now ‘confident’. Wijnaldum will sign with Barça until 2024 once the medicals will be completed. ?? #FCB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 3, 2021
Исто така, нов член на Барса ќе стане играчот за врска Георгинио Вијналдум, кој како слободен агент доаѓа од редовите на Ливерпул.
Да потсетиме, претходните денови договорите со каталонскиот гигант ги потпишаа поранешните играчи на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.
Барселона веројатно ќе потпише уште неколку играчи до крајот на преодниот рок и нема сомнеж дека добар дел од нив ќе бидат продадени.
Куман ја предводеше Барселона на 54 натпревари оваа сезона и победи на 34, девет пати неговиот тим одигра нерешено и беше поразен 11 пати.