Connect with us

Фудбал

Официјално: Сем Алардајс е нов менаџер на Евертон

Искусниот англиски тренер, Сем Алардајс е нов менаџер на Евертон кој и покрај големите вложувања летово, бележи ужасни резултати оваа сезона. Фудбалскиот стратег е веќе на Островот, каде утрово пристигнал по одморот во Дубаи кој го прекинал, а клубот веќе го потврдил неговиот ангажманалар.

Евертон минатиот месец му врачи отказ на Роналд Куман, а екипата привремено од клупата ја предводеше Дејвид Ансворт.

Подолг период се споменуваше Алардајс како опција за тренерско место во Евертон, а излегоа разни шпекулации за преговорите помеѓу обете страни, една од гласините беше дека искусниот тренер барал голема плата, која што се чини и ја добил, бидејќи за 18 месеци на Гудисон парк, тој ќе заработи 9 милиони фунти.