Connect with us

Ракомет

Ограничете го нападот на 40 секунди

Тренерот на германскиот ракометен бундеслигаш Рајн Некар Левен, Николај Јакобсен, им се приклучи на тренерите кои јавно побарале промена на правилата на ракометната игра, односно, воведување временско ограничување на нападот. Токму затоа данскиот стручњак зборуваше за германските медиуми.

-Доколку ракометот продолжи да се игра вака, мислам дека ќе стане многу досаден за љубителите. Повеќето напади траат меѓу минута до две, изјави Јакобсен и додаде што треба да се направи за да се реши овој проблем.

-Ограничете го нападот како во кошарка. Секој тим да има 40 секунди за напад. Тоа ќе допринесе да има поатрактивни шутеви на секој натпревар, но доколку вака продолжи да се игра овој спорт со сигурност ќе ја загуби својата атрактивност, заклучи Јакобсен.

Пред Јакобсен многу големи тренерски имиња јавно искажаа потреба за временското ограничување на нападот. Меѓутоа нив се Алфред Гисласон, Гудмундур Гудмунундсон, Лино Червар, Веселин Вујовиќ…