Connect with us

Други спортови

Олга Бузова не може да ми биде сопруга

Со секое појавување на јавна сцена рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, предизвикува огромно внимание. Светскиот шампион во УФЦ во лесна категорија, присуствуваше на презентација на книга, во која е опишан неговиот живот, на дури 320 страници.

По официјалниот дел од програмата, следувала конференција за новинарите кои побарале одговор од него на неколку „непријатни“ прашања. Едно од нив било поврзано и за неговата сопруга, која Хабиб ја држи во строга тајност. На прашањето дали можеби таа е Олга Бузова, сексапилната руска пејачка и ТВ водителка, Нурмагомедов дал негативен одговор.

  • Таа не може да ми биде сопруга! Тоа не е вистина и ништо друго нема да можам да ви одговорам на таа тема, истакнал Русинот.

Нурмагомедов се ожени пред неколку години, а свадбата била во тајност и со неа има само неколку фотографии кои излегоа во јавноста. На една од нив можеше да се забележи дека се работи за млада девојка која е целосно покриена со бела венчаница.

Биографијата на Хабиб ќе излезе на пазарите кон почетокот на декември, а во неа, меѓу другото, може да се прочита и за последниот меч со Конор Мекгрегор.

  • Мислам дека е подобро да продавам книга за алкохол и виски, додаде Хабиб, кој неодамна јавно се залагаше за затварање на ноќни клубови во Дагестан, поради серија убиства.