Ракомет
Олимпискиот и светскиот шампион на колена – Македонија ја совлада Данска
Македонската ракометна репрезентација денеска го одигра третиот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2022 година. Противник беше Данска, а натпреварот заврши 33:29 во корист на Македонија.
Првото полувреме припадна на нашата репрезентација, а може да се каже дека одигравме и едно перфектно полувреме. Данците го отворија резултатот, но по првиот гол на противникот, Македонија го презеде водството и го сочува до крајот на првото полувреме.
На стартот имавме позитива од два гола, а првото изедначивање на разултатот дојде во 15. минута од натпреварот, но во 20. минута од натпреварот нашата репрезентација успеа да напреви разлика од четири голови (12:8).
Оваа разлика нашата препрезентација успеа да ја сочува до самиот крај на натпреварот и на полувреме резултатот беше 17:13 во корист на Македонија.
Митревски повторно блескаше на голот, речиси како на шега ги бранеше страшните удари на Данците.
Во второто полувреме Македонија влезе моќно и со голема желба да покаже дека е достоен противни, а во 43. минута од натпреварот имавме и висока предност од 25:17.
Во 45. минута Данците успеаа да направат серија од три погодоци и намалија на 25:20. Но, сепак одличната игра која ја покажаа нашите репрезентативци не му дозволи на Данска да влезе во некоја поголема серија и во продолжение ја одржувавме предноста од шест погодоци.
Нашата репрезентација покажа одлична игра и апсолутно, заслужено издвојува победа од 33:29 над Светскиот и Олимписки шампион, Данска.