Connect with us

Други спортови

Олимпискиот стадион во Пјонгчанг од 109 милиони долари ќе биде срушен по ЗОИ

Колку реално звучи Олимпискиот стадион во Пјонгчанг да биде срушен после Зимските Олимписки игри во Јужна Кореја, ако се знае дека неговата изградба чинела вртоглави 109 милиони долари?

ЗОИ во Пјонгчанг во Јужна Кореја донесуваат и некои интересни факти и бројки.

Една од нив е дека споменатиот стадион без кров ќе биде употребен само четири пати – за церемонијата на отворање и затворањето на Зимските Олимписки игри во февруари, а потоа и за отворањето и затварањето на Параолимписките игри.

Стадионот е изграден без кров, а бидејќи се знае дека во Пјонгчанг температурите во текот на цела година се движат под нулата, претседателот Мун Је, изјави дека стадионот од 35.000 места најверојатно ќе биде срушен после игрите. За време на игрите, организаторите ќе мораат да се снајдат за греење на посетителите.

Ако биде срушен, тоа ќе значи дека за секоја од четирите прилики стадионот ќе чини по 25 милиони евра.

Другите комплекси кои се наменети за брзо скијање, замрзната арена, хокеј центар за спорт на мраз и некои други комплекси, би можеле исто така да пропаднат после Зимските Олимписки игри, како што тоа порано се случуваше во светот, на пример како во Рио.

Меѓутоа, другите споменати комплекси најверојатно ќе продолжат да постојат како тренинг центри, додека Олимпискиот стадион речиси сигурно ќе биде срушен после Параолимписките игри и ќе стане минато.

Извор: Кајгана