Фудбал
Опстанокот на Мората во Јувентус под прашање
Останувањето на Алваро Мората во Јувентус по оваа сезона е под голем прашалник.
Челниците на Старата дама не се подготвени да платат 35 милиони евра за откуп на неговиот договор од Атлетико Мадрид. Оваа вест ја објавија италијанските медиуми.
Шпанскиот напаѓач по вторпат во 2020 година пристигна во Јувентус на двегодишна позајмица, за која повеќекратниот шампион на Италија плати 20 милиони евра. На крајот од оваа сезона можат да го откупат неговиот договор за 35 мил.
Сепак, тоа е премногу за Јувентус и веќе започна преговори со Атлетик за намалување на откупната клаузула. Мората постигна 24 гола на 57 натпревари за Јуве во сите натпреварувања.