Connect with us

Фудбал

Ориги ќе го “глуми” Кејн

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем се во очајна потрага по напаѓач кој ќе треба да го аморитзира отсуството на капитенот на “петлите”, Хари Кејн.

Репрезентативецот на Англија заработи незгодна повреда за време на дерби пресметката против Манчестер Јунајтед, поради која ќе мора да паузира во следните 60 дена.

Според последните информации кои пристигнуваат од Лондон, Тотенхем сака до крајот на актуелната сезона да го позајми белгискиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Дивок Ориги.