Connect with us

Фудбал

Остана без карта за Светско, па напиша: Нема поголем непријател од лажен пријател

Селекторот на бразилската репрезентација Тите направи неколку изненадувања во конечниот список на играчи кои ќе патуваат на Светското првенство во Катар, а го изостави напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, познат како Габигол.

И покрај тоа што е една од најголемите ѕвезди во бразилскиот фудбал, 26-годишниот Габигол не го убеди Тите да го повика во репрезентацијата и не може да го прифати тоа.

Нема поголем непријател од лажен пријател“, напиша Габигол и објави фотографија со бразилскиот селектор.

Габигол со овој потег дефинитивно ќе ја затвори вратата на репрезентацијата додека Тите е на чело на тимот.