Connect with us

Фудбал

Остра казна на Јувентус за тројца бунтовници

Јувентус подготвува строга казна за своите тројца бунтовници.

Три sвезди на Јувентус, Пауло Дибала, Артур и Вестон Мекени се најдоа на столбот на срамот на италијанската јавност откако присуствуваа на забава организирана од американскиот играч за врска.

На настанот беа прекршени ригорозни мерки против ширење на коронавирус, а играчите на Старата дама исто така беа пронајдени на самото место од страна на полицијата.

Дибала, Архур и Мекени беа казнети на лице место, но најмногу за нив допрва следува бидејќи Јувентус покрена дисциплинска постапка.

Прво во низата казни е за градското дерби во сабота против Торино, што ќе биде тешко за Дибали, кој се опорави по неколку месеци.

Покрај тоа, сите тројца ќе бидат казнети и парично од клубот за да извлечат лекција за во иднина.