Connect with us

Фудбал

Откако не признаа чист гол на Роналдо, Португалците пишаа на УЕФА, имаат одредени барања

Како што е познато селекцијата на Португалија остана без победа на гостувањето кај Србија (2:2). Во судиското продолжение од мечот, практично во последниот напад, Кристијано Роналдо ја искористи грешката на голманот на домаќините, па постигна гол. Иако топката ја мина гол линијата со целиот обем, што по правило е гол, пред репрезентативецот на Србија да ја исфрли од зад гол линијата, судиите не го „видоа“ голот. Роналдо бурно протестираше, доби жолт картон, ја фрли капитенската лента и го напушти теренот пред главниот судија да го означи крајот на мечот.

Сега, Португалците и пишаа на УЕФА. Бараат експерска група да го разгледа целиот случај и бараат најстроги казни и суспензии за главниот судија Дани Макеле и неговите помошници. Воедно бараат итно воведување на ВАР технологиа за да нема вакви спорни одлуки.

Со оглед на тоа дека голот беше очигледен, за очекување е УЕФА да преземе мерки против судиите, но сепак резултатот секако нема да се менува, односно ќе остане 2:2.