Фудбал
Откако се спасија од пораз од Србија, селекторот на Камерун со порака: Можеме да го победиме Бразил
Во супер интересен меч, прв на денешната програма Камерун и Србија одиграа без победник 3:3. Први поведоа Камерунците, но Србија потоа успеа да постигне три голови и да направи пресврт. Сепак, до крајот на мечот оставија многу простор за противникот, кој го израмни резултатот.
По мечот, селекторот на Камерун, легендарниот Сонг изјави дека неговите фудбалери покажале карактер.
-Тимот ми ја покажа вистинската реакција. Има уште работи кои треба да ги подобриме. Возможно е да го победиме Бразил. Веруваме во себе, не дојдовме тука само за да учествуваме. Камерун може да даде уште придонес на овој Мундијал, изјави Сонг.