Connect with us

Фудбал

Откажете го мечот со ФК Скопје, навивачи на бугарски клуб со ултиматум до раководството (ФОТО)

Навивачите на бугарскиот клуб Пирин апелираа до управата на клубо, да не се игра мечот, откако претходно денеска „орлите“ објавија дека ќе се соочат со ФК Скопје во контролен натпревар. Приврзаниците на Благоевград се на мислење дека со оглед на последните настани во Македонија и како што велат, ширењето омраза кон Бугарите, пријателскиот натпревар не треба да се одржи.

Еве ја нивната порака:

За нас е неприфатливо да играме пријателски натпревар со ФК Скопје со оглед на последните случувања. Ширењето омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и народот со бугарска самосвест мора да има свои последици таму. Нашите браќа од Запад мора да сфатат дека Бугарија и Бугарите не им се непријател. Но, подмолното и лицемерно однесување на граѓаните и институциите во Македонија мора да се санкционира. Затоа ние навивачите на Пирин стоиме зад Бугарите во Македонија во знак на солидарност и со оглед на репресијата на која се подложени, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и тотално игнорирајте додека не научат да не почитуваат.

Да живее Бугарија и само Пирин!“