Connect with us

Фудбал

Откриена тајната на Лионел Меси, сака да собори уште еден рекорд

Одличниот фудбалер Лионел Меси успеа да го освои тој последен голем трофеј што му недостасуваше и со тоа влезе во легендата.

Многу се зборуваше за тоа како ова е последно Светско првенство на Меси, а тој самиот навести такво нешто, но некои сметаат дека тоа не е вистина.

Најдобриот играч на турнирот во Катар, според неговиот сонародник Хорхе Валдано, сè уште не планира да се збогува со „гаучосите“.

„Кога камерите не беа вклучени, Меси ми рече дека ако ја освои титулата во својот петти обид, ќе остане и на шестиот.

Ми кажа дека ниту еден играч во историјата не го направил тоа. Јас му одговорив дека не е можно, а тој ми рече – „ако станам светски шампион, ќе играм за Аргентина и на следниот шампионат“, изјави Валдано.

Инаку, Валдано во 1986 година ја освои титулата со Аргентина на првенството во Мексико.

Доколку сето ова е вистина и Меси за четири години заигра во САД, Канада и Мексико, тој ќе биде првиот играч што ќе игра на шест првенства.