Connect with us

Фудбал

Отпуштен уште еден тренер во Серија А

Денешниот ден во италијанскиот фудбал ќе биде запаметен по две тренерски смени во Серија А. По Монтела во Милан, денекса отказ доби и тренерот на Сасуоло, Кристијано Буки.

Калчолигашот соопшти дека и официјално ја прекинал соработката со Буки.

Се очекува него на тренерското место да го наследи Бепе Јакини.

Под водство на Буки, Сасуоло забележаа девет порази во првите 14 круга од тековната сезона во Серија А и е на само еден бод повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.