Connect with us

Фудбал

Ова е човекот: Три години без пораз, 34 мечеви без пораз, на крајот европски првак

Се чини дека Италијанскиот фудбалски сојуз направи вистински потег кога го ангажираше Роберто Манчини за селекторот. Токму тој е најзаслужниот човек за пехарот на ЕП. Од селекцијата на Италија направи едно семејство, направи сите да гинат за националниот дрес, од првиот до последниот. Три години Манчини нема пораз, нема пораз на 34 одиграни мечеви, на крајот ја донесе и титулата европски првак.