Connect with us

Фудбал

Ова е прекрасниот гол на Галатасарај против Манчестер Јунајтед за кој се тврди дека е нерегуларен (ВИДЕО)

Петтото коло во Лигата на шампионите го одбележа голеада полна со пресврти на натпреварот меѓу Галатасарај и Манчестер Јунајтед (3:3), а  дамка беше фрлена на големиот кам-бек на турскиот тим на оваа средба. Имено, BeIN Sports преку анализа утврди дека првиот гол на Хаким Зијеш од слободен удар е нерегуларен, затоа што неговиот соиграч Мауро Икарди ги прекршил правилата на фудбалската игра. Додека Мароканецот изведуваше слободен удар, Аргентинецот беше на само 61 сантиметар од играчот на Јунајтед, Расмус Хојлунд, кој стоеше во живиот ѕид, што не е според правилата.

„Кога се изведува слободен удар, ако играчот на напаѓачката екипа е помалку од еден метар оддалечен од „ѕидот“ составен од тројца или повеќе играчи на одбранбениот тим, се доделува индиректен слободен удар“, велат правилата на фудбалската игра. Сепак, судијата Хозе Санчез не реагираше, ниту неговите помошници ВАР, па остри осуди стигнаа од Британија. Да потсетиме, Јунајтед по само 18 минути водеше со 2:0 со головите на  Гарначо и Бруно Фернандеш и се чинеше дека оди кон сигурна победа. Сепак, на крајот беше 3:3.

Голот на Зијеш погледнете го ТУКА.