Connect with us

Фудбал

Ова е првата жртва на доаѓањето на Кејн

Англиските медиуми тврдат дека Хари Кејн е нов играч на Манчестер Сити, бидејќи Тотенхем едноставно мораше да попушти откако му беа понудени 187 милиони евра.

„Сан“ сензационално ја пренесува веста за преселбата на Кејн од Лондон во Манчестер, откако сопственикот на Тотенхем Даниел Леви рече „да“ на понудата од 187 милиони.

На крајот на краиштата, Кејн ќе стане еден од најплатените играчи во светот со 470 000 фунти неделно, а со сето тоа, англискиот репрезентативец конечно ќе добие можност да игра во клуб кој се бори за трофеи.

Кејн долго време беше незадоволен во Тотенхем, па неодамна ја објави својата одлука да го напушти клубот. Оттогаш, само ја чекавме вистинската понуда, а таа пристигна од „Етихад“ пред почетокот на новата сезона.

Сити покрај Кејн го посакува и Џек Грелиш од Астон Вила, но секако ќе мора да продаде неколку играчи за да ги „расчиста сметките“ и да го почитуваат финансискиот фер-плеј.

Првата жртва на купувањето на Кејн ќе биде Португалецот Бернардо Силва. Тој требаше да ги спакува куферите, а Сити сега се радува на понуда за овој играч.

Се верува дека Монако е најблизу до негово доведување. Покрај Силва, на излезната врата се и други sвезди на Граѓаните, како Ријад Махрез, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.

Тотенхем, пак, бара замена за Кејн и во моментов се обидува да го донесе Антоан Гризман од Барселона.